Електронски услуги

... што помалку мануелна работа и работа со хартија

#СтандарденПакет

Eлектронско фактурирање

Праќање и примање на фактури по електронски пат

Испраќај и примај електронски фактури и кредитни одобренија како фајлови или со користење на сервис за размена на документи. Поддржани се вградени функции (out-of-the-box), PEPPOL форматот и Tradeshift сервисот за размена на документи. Самата архитектура дозволува додавање на дополнителни формати или софтвер за размена на документи (потребно е прилагодување е прилагодување од имплементаторот Логин Системи).

Исто така, подржани се голем број на стандарди за размена на електронски документи, вклучувајќи ги Global Location (GLN) за купувачи и добавувачи, Global Trade Item Number (GTIN) за артикли и меѓународни кодови за едниници мерки, валути, даночни кодови, даночни шеми и земји.

 

Понатаму, новиот концепт базиран на профил за праќање на документи ги собира сите задачи поврзани со праќањето на документи, било да се работи за електронска порака, печататен документ или фајл и овозможува да се зададат саканите начини на праќање според купувач или добавувач или група на купувачи/добавувачи.

 

Примените електронски документи се интегрирани со можностите за менаџмент на документи и истите се зачувуваат во Дојдовни документи заедно со pdf или скенираните хартиени фактури. Од Дојдовните документи може да се креират набавни фактури, набавни кредитни одобренија или линии на општи дневници. Исто така може да се додадат правила “текст на сметка”на веќе зададените автоматски правила на сметките на добавувач или линија од документ. Ако има грешки или предупредувања при конверзијата на документите, истите се прикачени на дојдовниот документ. Креираниот линк до дојдовниот документ овозможува негов преглед од секој креиран документ, искнижен документ или ставка од Главната книга во сметководството.

 

Со користење на Tradeshift, можеш да праќаш или примаш документи до други корисници од мрежата на Tradeshift и статусот на испорака, како и запишувањето на активностите се достапни во Microsoft Dynamics NAV интеракцијата за тој сервис на размена на документи

 

Модулот за Работен тек може да го додадеш за да добиеш автоматско процесирање на дојдовен електронски документ, на пр. од креирање на соодветен нацрт на документ за набавка во Microsoft Dynamics NAV до книжење на истиот и креирање на линии за плаќање зависно од условите зададени во Работниот тек, како што се на пр. според добавувач или според износ.

 

Повеќе инфо:
Сподели информација

Блог објави

Електронски услуги
Функционалности на електронско фактурирање и курсеви
Eлектронско фактурирање
Eлектронско фактурирање
Курсни листи
Курсни листи

Напомена: Можни се мали отстапувања на описите од самата верзија на Dynamics NAV / 365 Business Central. 

Microsoft Dynamics NAV е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со Dynamics NAV / 365 Business Central. 

Избери некоја од категориите ...

Работен тек (workflow)
Постави работни текови што ги поврзуваат бизнис-процесните задачи изведувани од различни корисници
Електронски услуги
... што помалку мануелна работа и работа со хартија
Менаџмент на документи
Дополни го сметководствениот и деловниот систем со скенирани или атачирани документи
Известување
Широка лепеза на опции за извештаи и известување
Клиентска апликација и употребливост
Подеднакво одличен на сите уреди: Користи го сметководството и деловниот софтвер на било кој уред, на било кој начин и во било кое време
Јазици за користење
Користи го твојот службен или мајчин јазик
Бизнис интелигенција Power BI
Вгради деловна интелигенција од твоите податоци
прикажи повеќе
LSLogo_color_logo_transparent_2x.png

Founded in 1991, Login Systems is a ERP solutions and service provider based on Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central. 

From the very begining we strive to be a pioneer and leader in the market segments that we serve.

Share:

Help and support

© Copyright 2016 - 2021 Логин Системи.

white_logo_transparent_2x.png