1. Една од најдобрите причини за користење на PayPal е неговата цена: бесплатно. Нема годишни такси, ниту такси за обработка, па ни давачки за услуги. Купувачите кои користат PayPal ги добиваат сите моќни предности поврзани со услугата и не мора да плаќаат ни еден денар за тоа.
Јас колку што знам, PayPal е бесплатен, само на страната на плаќачот. На страната на примачот се плаќа 2.9% + $ 0.30 USD. Ако причината ја гледате само од страната на плаќачот, да знаете дека има и подобри прилики за плаќачот. Така на пример една домашна банка нуди плаќање со картичка, при што ВЕ КРЕДИТИРА 15 до 45 дена и плус ВИ ВРАЌА 1% од вредноста на трансакцијата.
И воопшто, целата оваа работа околу Paypal сметам дека не е толку пресудна сега во 2019 година. Paypal беше иновација во 2007 година (плус/минус некоја година), но во меѓувреме многу работи се променија. Не само што се воведоа конкурентни процесори (слични на Пејпал), туку и платежните картички се сѐ пошироко прифатени и речиси секаде може да се плаќа со кредитна картичка. А како што пишувам погоре, многу е поубаво за плаќачот ако користи кредитна картичка и во однос на парите, и во однос на тоа што му се враќаат пари назад, значи уште поубаво од бесплатно. Да има годишна членарина, но ако имаш некој промет, кој сите го имаме ако користиме една картичка, и членарината е нула.
Да, добро е да имаме Пејпал, бидејќи не само што има уште една (најголемата) можност повеќе за алтернативно плаќање, туку дека е и препознатлив. Но, ние мора да се помириме дека сме мала држава, која со тоа е мал пазар, но воедно и дека немаме многу знаење да привлечеме светски брендови. Всушност, ние го немаме ни Мекдоналдс кој е нејпрепознатлив бренд во некоја друга област....
[@Dane Krstevski] две битни работи. Цел свет го има а ние немаме ПејПал. Не е само до ПајПал туку до тоа што има регулаторни пречки за Пејпал во Македонија. Типично Македонски: што има да се замараме да создаваме услови за пејпал кога ние што правиме е најдобро (а ние на дното заглавени). Втора работа е дека нема врска дали нештото е во тренд или не е. Ако на Дане Крстевски му зависи платата од ПејПал него нема да му е грижа дали нешто е старо или ново - туку ќе го примени. Изгледа не ти зависи егзистенцијата од приватен бизнис и од комотна (државна) позиција се обидуваш да објаснуваш за ПејПал. Разбери: за услуги и поскапи производи начинот на плаќање го диктира купувачот-странец. Купувачот диктира како ќе се работи, Дане. Ти вика: ако сакаш да купам од тебе, стави пејпал. Што да му каже нашиот македонски државјанин? А бе Дане ми кажа дека ПејПал е застарена работа, нашите услуги на банките се подобри. Да не е трагично, ќе биде пресмешно.
Доколку имате работено како фриленсер за странски пазар, ќе видите дека сте во голема заблуда. Исплаќањето во најголем број на случаи оди преку ПејПал, затоа што е најлесно и најбезбедно, тоа што локална банка овозможила подобри услови за користењето на нивните услуги, воопшто не претставува фактор вон границите на државата. Државата со игнорантскиот однос кон ова прашање само ќе предизвика се повеќе бизниси и физички лица да се префрлат да работат во други држави, и на крај нема да добие ништо, бидејќи не сакале да размислат што е потребно за да се овозможи непречено работење. За жал, со вакво размислување, дека ПејПал во 2019 та, не е толку значаен, Македонија ќе продолжи да пропаѓа и да губи население.
Почнав да ти пишувам еден подолг одговор за овие твои тврдења погоре за мене и за тврдењата дека баш до Пејпал дојде успехот на Македонија и за твојата комоција која е доста поглема, Но се премислив - немам потреба да ја зголемувам читаноста на овој форум, на кој напишав само затоа што во приватна порака ме молеше да ти напишам. Ако ти е целта да се вреѓаме... нема да продолжам.
Еве на кратко:
1. Овде ти, сам си поставуваш тези кои наводно јас сум ги рекол (пр. дека „ние (се мисли на Македонците?) што правиме е најдобро“ ) и потоа сам си ги дебатираш. Не сум рекол дека сѐ е најдобро.
2. А тоа што има подобро од бесплатно го рипна? На таа тема одговорив, а не на регулативата дали била добра или не. И ја заврте работата дека некој теоретски „приватен“ бизнис зависи само од Пејпал. Ако има Пејпал и нема картици ќе биде подобро? Но да не дебатираме повеќе...
3. Само за твоја информација - јас ниту сум надлежен за Пејпал, ниту пак сум те спречил да го воведеш. Напротив, баш добро ако го воведеш.
Доста е за тука.... Поздрав.
Дане, ти напишав во порака (како одговр на твоите приватни пораки до мене) дека ако имаш нешто да кажеш за или против пејпал, да го сториш на форумот за да се прочита. Впрочем и на други исто сум им кажал, не заради некаква популарност туку заради тоа знаењето и искуството на луѓето да го прочитаат повеќе луѓе. Воедно, не мислам да изигравам персонален кол центар за секакви прашања кога истите може да се прочитаат тука - скалабилност ни треба а не тесно грло. Неколку пати пишувам дека преку процесот на пејпал ќе се либерализираат многу работи во платниот промет и ќе се овозможи на вредните луѓе и прогресивните да може да пласираат свои производи и услуги на странскиот пазар. Тоа тебе очигледно не ти треба и ок е тоа. Не е Ок да кажуваш нешто дека е назадно, а само во Мк го нема!!!??? Смешно е да се заговара да нема повеќе опции за прием на пари бидејќи тоа е спротивно на пазарното општество. На крајот, воопшто не спорам лично и се извинувам ако си се почувствувал навреден. Намерата е да ги соочиме аргументите. Факт е дека државната администрација е тромава и не сака промени за што впрочем пишуваат многу извештаи кога се оценува Македонија. ПС Во врска со бесплатното не сметав да одговорам но еве ... не секогаш бесплатните работи се и најдобри. Џабе ми нешто да е бесплатно ако не ми врши работа. Во value based економија твориме и работиме Дане. Ако некој има прилив од странство секако дека е спремен да плати екстра процент наместо да има бесплатно нешто, а да нема прилив воопшто.
Ќе ценев повеќе ако се заложеше да се организира средби со некои битни луѓе и да се мрдне работата напред отколку да се заговара дека пејпал е застарена работа.