Здраво на сите,
Информативно ме интересира дали со користење на онлине сервисот Payoneer, сме задолжени на плаќање данок вклучувајќи го и прогресивниот се додека парите не се испорачани на банка во одредена држава ? Значи сценариото е .. легнување пари на сметка на сервисот и користење на картичка за влечење на истите без претходен трансфер на истите во одредена банка во одредена држава ?
Благодарам унапред,
Александар.
Данок на доход се плаќа на сите доходи остварени по сите оданочиви основи во земјата и странство. Формата на прилив, прием, наплата и подигање на заработените парични средста за доход кој се оданочува нема влијание на даночната обврска.. Приемот на пари на начин кој не го контролира македонската даночна пријава не ги ослободува македонските даночни обврзиници од обврската да го пријават доходот, да состават пресматка и да го платат данокот.
Здраво Павле,
го читам автентичното толкување од Собранието на Република Северна Македонија (АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 14 СТАВ 3 ТОЧКИ 1 И 5 OД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ БРОЈ 44/1999, 59/1999, 86/1999, 11/2000, 93/2000, 8/2001, 31/2001, 21/2003, 17/2004, 19/2004, 13/2006, 33/2006, 45/2006, 101/2006, 114/2007, 103/2008, 114/2009, 133/2009, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 135/11, 155/12, 12/14, 112/14, 130/14, 15/15, 129/15, 129/15, 225/15, 23/16 И 189/16) ).
Дали ова е потврда дека македонските субјекти не треба да пресметуваат ДДВ кај корисници на услуги кои имаат вистинско седиште или подружница за кои услугата била вистински извршена, а е во странство?
@Venko Gligorov Да, во тој случај не се пресметува ДДВ.
Благодарам Павле на твоето одвоено време за одговорот на прашањето.
Што се случува ако на пример примачот има двојно државјанство ? На пример да речеме има Бугарско и Македонско каде што на сервисот е регистрирана сметката во Бугарија а е резидент во Македонија? Во тој случај може Бугарија да бара данок да се плати таму и плус во Македонија а имам разбрано дека двојно оданочување нема.
Благодарам.
Александар.
Здраво Александар, Иако не сум стручен по оваа тема, мислам дека данокот мораш да го платиш во земјата каде си резидент. Едно прашање до тебе, дали во МК може да се повлекуваат пари од Пајонир во банка? Во недостаток на ПејПал, Пајонир е единственото решение, но за да се пријави данокот, парите мора да се префрлат во одредена банка за да потоа се извади извод од банката. Без да се префрлат парите во банка, не може да се пријави приходот. Поздрав, Ангел
@Martin Може да се повлекуваат пари од Пајонир во банка.
Здраво Никола,
Претпоставувам веќе имаш искуство со повлекување пари од Пејонир во банка. Јас сега направив акаунт за правно лице, па ме интересира кои се провизиите од страна на банките кај нас. Гледам дека Пејонир имаат фиксна провизија од 15€ по трансакција, ама тоа не ми гарантира дека давачките се целосно покриени.
Благодарам,
Игор
Zdravo
Dali moze eden sovet okolu rgistracijata na Payoneer?
Zosto ne mozam da dobijam kod za registracija na profil ?
Здраво Даниела,
Подобро би било да поставите прашање директно на категоријата за да биде повидливо и некој да може да ви одговори. Веројатно би требало да бидете и поконкретни во прашањето. Ова би бил линкот за прашањето ... https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/create-question