Денес, 06.08.2019, на покана од Народната банка на РСМ (НБРСМ) остварив работна средба со Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и нејзиниот тим.
На средбата разменивме информации и искуства околу регулативите и потешкотиите за воведување на Пејпал, Скрил и другите платежни процесори во Македонија.
НБРСМ изготви предлог-одлука за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со други зборови, се отстрануваат пречките домашни граѓани и фирми да отвораат/користат сметки во странски електронски сервиси за платежни трансакции какви што се Пејпал, Скрил и останатите за прием на пари преку електронска трговија.
Предлог-одлуката ќе (треба да) се усвои на 29 август оваа година на Советот на НБРСМ. По усвојувањето, раководството на НБРСМ е подготвено да продолжи со прилагодување на регулативата/условите кон потребите на професионалците, компаниите за побрз „влез“ на Пејпал и останатите.
Повеќе информации има во оваа рубрика или кликни Follow за известување на новините за оваа тематика тука.
Дали со самото усвојување на 29 ти, ќе бидат тргнати сите пречки и преостанува само ПејПал да се убедат да влезат на пазарот, или ќе биде потребно уште некој период додека да се финализира се?
Пејпал ќе треба да одлучи за пазарот.
Се надевам ќе исконтактираат со ПејПал да ги известат за промените. Сите одговори кои јас ги добив од ПејПал минативе неколку месеци, беа дека законските пречки ги спречуваат да се овозможи примање на пари, инаку они се спремни да го овозможат примањето.
@agruevski57 Институциите ќе си ја завршат работата. Ќе остане приватниот сектор да ја дозаврши работата.
Се надевам нема да се ограничи за одредени сервиси оваа одлука, туку ќе може сите FinTech индустрии да влезат на пазарот. Како revolut, mondo итн.
Чекај првин Пејпал да го донесат, 10 години не лажат па и тоа ќе биде огромно достигнување. Револут мислам само во ЕУ функционира
Регулстивата за сите ќе важи, а деловна одлука на процесорите е дали ќе го озможат сервисот во Македонија.
Сега за сега се во еу и Австралија. За месец два почнуваат во Америка
Секако добредојдени се сите новитети. Но, дали не треба(ше) најпрвин да се либерализира и поспешат фирми во Македонија, па да конкурира на светскиот пазар, а при пристап на некоја вака посебна фирма - да се бараат исти права за нашите фирми во земјите од каде доаѓаат овие системи.
Чекајќи го Годо да дојде (ЕУ и Пејпал) некогаш се губиме (не мислиме најпрвин на) самите себе и сопствениот развој т.е. дека никого не треба да чекаме - треба најпрвин да изградиме, произведеме и да излеземе на пазарот на размена - штитејќи ги најпрвин своите интереси.
Либерализација на плаќањата и платежните услуги, да.
Но само или најпрвин за странски фирми?
Пазарна работа е ова Никола. „Странецот“ бара Пејпал за да соработува со нашиот професионалец или произведувач. И тука завршува приказната. Никој друг не може да даде замена.
Сигурен сум дека како фирма земате странски производи и услуги иако има и на домашниот пазар слични. Не верувам дека барате наместо Microsoft Windows да користите некаква македонска верзија на Линукс. Слично е. Понуда и побарувачка.
Две години е инцијативата и не се сеќавам, освен тебе сега, некој да кажал или да наговестил дека може да има и други начини. Овој форум е отворен секој да пласира свои производи и услуги. Освен Пејпал, сигурно има простор и за други процесори за плаќања.
На пример, мене ми треба платежно решение за месечни претплати од домашни и странски фирми. Кој може да ми понуди? Каде да барам? Пејпал тоа го има, на пример.
ПС Пејпал не е новитет. Тој е индустриски стандард кои освен во Македонија, во Европа секаде го има. Можеби кај нас ќе биде новитет и куриозитет :)
Не можам да го разберам коментаров, каква врска имаат македонските фирми со ПејПал? Па соседите наши имаат ПејПал години и години пред нас, можеби некоја од годиниве не ми е точна, но сепак ќе ги напишам:
- Албанија 2011 - Хрватска 2011
- Босна 2011
- Србија 2015 Само ние во Македонија можеме се самите, па дури и платежен процесор да измислиме и сите странски клиенти ќе ни исплаќаат преку тоа. Во 2019-та, втора половина на 2019-та, добиваме вести дека ете конечно решија да поработат одговорните министерства и да отстранат една пречка за ПејПал, за која 10 години наназад ни викаа дека нема пречки од наша страна, ПејПал не е заинтересиран за пазарот.
Не е доволно тоа што сите досегашните власти не моткаа, луѓе без нерви останаа од чекање, не можат пари да добијат, дури почнаа да отвараат сметки по Бугарија, Србија, кој има двојно државјанство, за да можат да добијат пари, а ние дискутираме дали не требало првин да се даде предност на македонските фирми.
Можеби е само еден аспект, но интересен. Како пример би ги посочил валутите во „паметните“ држави Црна Гора и Косово. Кој не знаел имаат за валута евро и можеби најлесно поминале, наместо како нас, сопствена валута, па усидрување, па 1000 услови за да влеземе во Евро зоната. Не дека денарот ќе биде појак од доларот или еврото, но дали како спомнатите две земји да „забраниме“ сопствена валута или да даваме најпрвин и подобри услови за „поединечни готови решенија од надвор“.
Да се либерализира плаќањето во Македонија, да се обезбедат законски услови за македонски даватели на вакви услуги и да се зајакнат нивните капацитети, на крај да се влезе во отворена конкуренција на отворен пазар и тие кај нас и ние кај нив, па тогаш ќе тераме бизнис.
Секако пропуштено многу време, без изводлива стратегија, позитивна и квалитетна селекција на кадри во сите свери кои можат да донесат резултати, а кога ќе дојде „јајцето“ не се бираат ни место ни време - се е добредојдено.
Веројатно за прослава на влегувањето на ПејПал веднаш ќе се почастам со кока-кола и мекбургер.
Во секој случај добри поздрави за добрите луѓе.
Никола, пропуштените прилики се пропуштени. Да се мисли за денес и за иднината.
Мислам дека новиот закон за платежни системи кој ќе го замени моменталниот во Јули 2020-та, ќе овозможи и македонски фирми да нудат услуги слични на ПејПал. Воедно, законов кој ќе се донесе месецов ќе овозможи ПејПал да работи, но ќе се користи само за прием на средства од странство, но не и за прием од граѓани и фирми од државата, со што се остава простор да се појават македонски фирми кои ќе може да се регистрираат за извршување на дејност слична на ПејПал но само во границите на државата. Малку е конфузно што истовремено се најавија 2 закони, од кои едниот ќе се гласа месецов а другиот ќе се применува од 2020-та, Венко можеби подобро ги има сфатено