Секој понеделник - тазе бизнис неделник на Логин Системи

Секој понеделник - тазе Бизнис неделник

Тука ни се сите на едно место

Неделник бр. 2018 - 19

Скопје, 07.05.2018. Во нашите контакти со компании од различни индустрии забележуваме дека деловниот софтвер не го прати развојот на фирмата. Други фирми имаат софтвер што редовно се надградува, но фирмата го користи стариот софтвер. Ова се двете крајности. Дигиталната трансформација е реалност за многу западни компании. Според Microsoft, концетот за дигитална јамка за фидбек дава можност за реализација на дигиталната трансформација. Во видеото ќе видите демо примери и ќе добиете идеи и инспирација за во вашиот бизнис или организација.

 

Во овој број на неделникот Ви презентираме информации за тоа како се работи со повеќе поврзани компании, како се вршат интеркомпаниските книжења и како се работи со повеќе јазици истовремено. 

 

Имајте успешна работна седмица! Ве очекуваме на форумот со свои постови и коментари - ERP.mk/forum

Неделник бр. 2018 - 18

Скопје, 01.05.2018. Празничниот број е богат со нови информации и анализи. За да ја олесниме одлуката на купувачите при инвестирањето во програм за сметководство и деловно работење, анализиравме четири софтверски решенија од производители што се присутни на македонскиот пазар (Datalab, Зонел, Инфо-биро и Microsoft со имплементација и одржување од Логин Системи).

 

Нека е честит празникот 1ви Мај!

Неделник бр. 2018 - 17

Скопје, 23.04.2018. Навистина, колку чини еден ЕРП? Постои ли калап за секоја фирма? Дали апсолутниот износ на чинењето е релевантно? Во блогот се објаснети слоевите при поставувањето на ERP систем. Во продолжение ставаме и линкови за две битни функционалности на магацинско-материјалното работење - едното е за SKUs, а другото е за пренос на артикли од еден во друг магацин (локација). 

 

За сите оние што биле со Логин Системи во изминатите 25+ години, Ве информираме дека минатата седмица ја пензиониравме Лусија Бошку, нашата колешка која е со Логин Системи речиси од самото основање. Нека и' се среќни и долговечни пензионерските денови ... И повеќе од заслужено!

Неделник бр. 2018 - 16

Скопје, 16.04.2018. Во овој број на неделникот Ви ја претставуваме платформата за водење на интернационален бизнис - Microsoft Dynamics NAV. Со преку 160.000 компании/организации, повеќе од 2,7 милиони корисници, Dynamics NAV е во употреба во 195 земји во светот - благодарение на Логин Системи во листата на земји е вклучена и Македонија. Прифатеноста на Dynamics NAV во меѓународниот бизнис е поради долгогодишното надградување на Dynamics NAV со светските потреби за водење на глобален бизнис. 

 

Ги издвојуваме неколкуте најважни функционалности на Dynamics NAV за водење на интернационален бизнис: профитни и трошковни центри, интеркомпаниски книжења и работа со сите можни валути во светот. 

Неделник бр. 2018 - 15

Скопје, 09.04.2018. Нека е честит празникот Велигден за сите оние што го слават денес. 

 

За овој број подготвивме четири нови корисни содржини - два постови на форумот и две видеа. Ако ги прегледате ќе увидите дека има теоретски основи за сметководството и бизнисот од светски мислители и практичари, а прилагодени за македонски услови. 

 

Првиот пост за сметководствен циклус веројатно е општо познат за повеќето, а ние го збогативме со реализација во сметководствениот софтвер и ЕРП систем - Dynamics NAV. Вториот пост од форумот е многу корисен за организациите што нудат услуги во своето работење. Ставивме формули и постапки за формирање на износ на трошок на еден вработен и-или ресурс. При тоа направивме и урнек во Excel кој може да го користите. 

 

Преку видео сесиите што ги споделуваме тука го заокружуваме целиот процес на комерцијално работење - набавки и продажба. 

 

На крајот, ни е задоволство да ве информираме и дека формиравме страна со најнови информации ERP.mk/novo. На оваа страница покрај измените на сајтот и новостите од Логин Системи, ги излистуваме и најновите постови на форумот од сите рубрики. При тоа форумот го поедноставивме и ја подобривме неговата прегледност - при тоа се претставени најновите постови како и најчитаните постови на Форумот (погледнете слика подолу). Го охрабруваме Вашето учество на Форумот ...

Неделник бр. 2018 - 14

Скопје, 02.04.2018. Денес официјално се пушта во употреба Microsoft Dynamics 365 Business Central, сервисот на Microsoft базиран на Dynamics NAV за клауд. Покрај клауд верзијата, Dynamics NAV може да се користи и на сопствен сервер кај корисникот како и на хостиран сервер. Моменталната верзија е Dynamics NAV 2018 - update март 2018.  

 

За овој број на неделникот подготвивме напис за сценаријата при преминување од еден систем кон Dynamics NAV. Ви го претставуваме и модулот за вистинско производство. 

 

Инаку радосни сме што го пуштивме во употреба современиот тикет систем за поддршка на корисниците - овој тикет систем е надополнување на Центарот за помош и базата на знаење на Логин Системи -help.loginsystems.biz

Неделник бр. 2018 - 13

Скопје, 26.03.2018. Поставување на информатичките системи и решенија не се сами за себе цел. Тие треба да бидат во функција на бизнисот или на организацијата. Една потреба е да се користат за задоволување на барањата на законодавачите (државата). Друга потреба е да се автоматизираат процесите во работењето и да се добиваат менаџерски извештаи и анализи. И тука се поставува прашањето: кои извештаи и анализи? Кои се информациите што се потребни за одлучување кај менаџерите и професионалците. Затоа е потребно да почнеме од врвот и од почетокот ...

 

Фирмите и организациите ја поставуваат мисијата и ги предвидуваат идните резултати (визијата). Врз основа на овие стратешки елементи, се поставува стратегијата. Што е стратегија? Уште поважно, како се изведува стратегијата? Тоа е темата на овој број. Стратегија и нејзината изведба со Balanced Scorecard. Balanced Scorecard е рамка која овозможува да се постават финансиски и нефинансиски перформансни метрики кои ќе одговараат на поставената стратегија. Поголемиот дел од овие метрики треба да се „влечат“ од информатичките системи. Затоа постојат информатичките системи - да ја поддржат изведбата на стратегијата на организацијата. 

Неделник бр. 2018 - 12

Скопје, 19.03.2018. Во овој број ви го претставување решението за ресторани, кафулиња и малопродажба. Ова решение е во изработка на Логин Системи и содржи повеќе иновативни функции кои ја забрзуваат работата на целиот систем, а воедно даваат широк преглед за анализи и планирање. 

 

Отворивме рубрика за често поставувани прашања и секако ставивме одговори кои повеќето ги интересираат. Од видео сериалот за плати, ви го презентираме делот за книжење на плата во Dynamics NAV. Како што и претходно веројатно знаете, Dynamics NAV е светски програм со преку 110.000 корисници низ светот. Тој е најпопуларниот ЕРП систем во портфолиото на Microsoft. 

Неделник бр. 2018 - 11

Скопје, 12.03.2018. Со преку 100.000 корисници ширум светот, Microsoft Dynamics NAV е софтвер за интегрирано сметководствено и деловно работење за мали и средни претпријатија. Благодарение на Логин Системи, Dynamics NAV е во функција во Македонија преку 10 години. 

 

Темата на овој неделник е да прикажеме некои делови од Dynamics NAV кои може да послужат во работењето на компаниите и организациите. Прво, цифрата од преку 100.000 корисници (фирми и организации) во светот кажува за популарноста на производот и за вграденото „знаење“ во производот од речиси сите индустрии. Логин Системи сними неколку видео сесии за плати кои може да се погледнат на нашиот ТВ канал. Продолжуваме и да правиме споредби на Dynamics NAV со другите постоечки софтвери за сметкводство и деловно работење. 

 

Форумот се збогатува со нови содржини и се развива од потребите на членовите на форумот. Потсетуваме дека овој форум е отворен за професионалци, упатени во бизнисот и ERP-от, стручни лица и студенти кои може да креираат постови на одредени теми во рубриките, како и да коментираат и спротивставуваат мислења со останатите... приклучи се наERP.mk/forum

Неделник бр. 2018 - 10

Скопје, 05.03.2018. Продолжуваме со популаризацијата на ERP системите и програмите за сметководство и деловно работење базирани на Microsoft Dynamics NAV. Ја отвораме и темата на овој број ... Ни доаѓа неразбирливо како тоа некој софтвер се нарекува ERP, а нема ентитет за ресурс. Нели ERP доаѓа од планирање на ресурсите? Како тоа да нема картичка (и анализи) на ресурс во софтверот?

 

За оваа седмица презентираме две видеа: едно е втор дел од материјалното работење, а другото видео е посветено на вработените и платите. 

 

Ако некој сака да споредува нешто, цената секако е еден параметар. Сепак, важни се и другите параметри кои му овозможуваат на корисникот продуктивна и пријатна работа. „Точакот“ е ефтин, но не може да замени автомобил за патување. За секоја потреба има соодветно решение. Затоа споредивме три софтверски програми во делот на екран за вработен и плата. 

 

На крајот сакаме да потсетиме дека Форумот на Логин Системи е отворен за професионалци, упатени во бизнисот и ERP-от, стручни лица и студенти кои може да креираат постови на одредени теми во рубриките, како и да коментираат и спротивставуваат мислења со останатите. Форумот е member-driven ... приклучи се на ERP.mk/forum

Неделник бр. 2018 - 09

Скопје, 26.02.2018. Постојат софтвери за сметководство и комерцијално работење на пазарот во Македонија кои се нарекуваат ЕРП софтвери. Има голема разлика меѓу овие софтвери и вистински ERP систем каков што е Dynamics NAV. Dynamics NAV е светски софтвер со преку 100.000 корисници во светот, а ги има спецификите од македонските прописи и пракси. Dynamics NAV работи на повеќе јазици меѓу кои и македонскиот јазик. Dynamics NAV работи на сите можни уреди (десктоп, таблет, мобилен смарт телефон), на најраширените оперативни системи (Windows, Android, iOS) и на сите познати веб прелистувачи (Chrome, Edge/Explorer, Safari).

 

Темата на бројот, а ќе продолжи и во наредните броеви, е да се покажат некои од можностите на Dynamics NAV кои ги бараат корисниците за сметководство и деловно работење ... Цениме дека е најефикасно ако овие можности ги прикажеме преку видео стории со показни случаи од секојдневието.

Неделник бр. 2018 - 08

Скопје, 19.02.2018. Темата на овој број е материјалното работење. Ги претставуваме двете најбитни работи: картичка на артикл и аналитички извештаи. При прегледот на овие функционалности, на сајтот ќе ти бидат предложени и другите опции што постојат во материјалното работење. 

 

Новина за седмицата е што ја пуштивме адресата ERP.mk за полесно стигнување до ERP информациите на нашиот веб сајт. Официјалниот документ за функционалностите на Dynamics NAV 2018 може да се преземе на линкот долу ...

Неделник бр. 2018 - 07

Скопје, 12.02.2018. Нашата површна анализа на пазарот на сметководствени програми ни укажува дека освен нашето решение Dynamics NAV, другите немаат мобилни верзии на сметководство и ЕРП. Некои од програмите што се нудат имаат опција за бар-код читачи или користење на таблети во ресторани. Иако постојат некакви мини решенија за правење на мобилни порачки, никој не нуди целосна верзија на сметководствениот програм за таблет и мобилен. Мобилната верзија на Dynamics NAV е оптимизирана, брза и многу корисна. 

Неделник бр. 2018 - 06

Скопје, 05.02.2018. Решенијата за сметководство и ERP ги сметаме за повеќе од софтвер. Да, тие се софтверски ориентирани решенија ама дополнети со наши вредносни услуги. Нашата определба е корисниците да имаат можност да прашаат, да се консултираат, да научат и да можат да ја искористат технологијата во остварување на своите цели.

 

Покрај овие деловно-ориентирани услуги, Логин Системи активно учествува во заедницата со свои иницијативи и активности за подобрување на деловната клима - една од таквите активности е и иницијативата за PayPal. На располагање на пошироката заедница се и бесплатниот конвертор за Word документи (МК фонтови) и онлајн бесплатниот калкулатор за плати. 

Неделник бр. 2018 - 05

Скопје, 29.01.2018. Човечките ресурси се најбитниот елемент во креирањето на вредност кај организациите. Затоа евиденцијата на вработени, ракувањето со договори и пресметката на платите се неопходни. Темата на бројот се токму функционалностите за човечки ресурси и плати во сметководствениот систем Dynamics NAV.

 

Покрај описот на функционалностите за човечки ресурси, на сајтот поставивме и бесплатен веб калкулатор за пресметка на плати со придонеси за 2018та година. На крајот, проследете го видеото со пример на сликање на сметка од бензинска пумпа и вчитување во сметководствениот програм директно од мобилен телефон.  

Неделник бр. 2018 - 04

Скопје, 22.01.2018. CRM е жешка тема и тоа е така со причина. Иако се нарекува Customer Relationship Management (управување на релациите со купувачите), софтверските решенија за CRM се корисни и за потенцијалните купувачи.

 

Со интензивното користење на социјалните мрежи, маркетингот и продажбата се сменети. Постојат бројни потенцијални корисници, а тие треба да се сегментираат, профилираат и класифицираат. За да се опслужат подобро. 

 

Софтверот за CRM ги консолидира информациите и документите за купувачот во една база на податоци CRM која може лесно да се ракува и да се пристапува. Останатите функции на овој софтвер вклучува запишување на разните интеракции со купувачите (преку емаил, телефон, социјалните мрежи и други канали), автоматизирање на разни процеси на работа како работни задачи (анг. Tasks), календари и нотификации (известувања). 

Неделник бр. 2018 - 03

Скопје, 15.01.2018. Темата на денешниот број е Supply Chain Management (SCM). Поставивме на сајтот преку 30 функционалности со описи за ланецот на снабдување - кај нас во Македонија популарно наречен "Комерцијално и магацинско работење". Оперативноста на организацијата зависи од продажбите и побарувањата, набавките и добавувачите, залихите и артиклите, а поголемите бизниси и од напредното работење со магацините. Прегледај ги функционалностите и види како може да ти користат во твоето работење.

 

На секој начин се трудиме да бидеме достапни. Сакаме да ги вклучиме и другите експерти. Затоа отворивме рубрика за Прашања и одговори - прашања поставува секој, а одговор дава заедницата или консултантите на Логин Системи.  

Неделник бр. 2018 - 02

Скопје, 08.01.2018. Годината ја започнавме со ново руво на бизнис информаторот. Со ново руво прилегаат нови содржини. Затоа на сајтот поставивме листа од функционалности од сметководството и финансиите. За секоја функционалност има објаснување и повеќе информации. Функционалностите ги поделивме на 4 категории и тоа: Главна книга, Ракување со готовина, Основни средства и Извештаи/анализи. 

 

"Со описите на функционалностите за сметководството ја заокружуваме целината соствена од вики-страници, блог-постови и форум за размена на знаење и искуства." изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. "Оваа целина е неопходна за развојот и напредокот на сметководителите бидејќи тие се битниот фактор за успешното работење на самите организации." 

Неделник бр. 2018 - 01

Скопје, 01.01.2018. Среќна нека е Новата 2018та година. Полнолетни стануваме во овој милениум. Празничниот и прв број на неделникот на Логин Системи информираме за најчитаните страници во 2017та: блог-пост и форум-пост.

Неделник бр. 53

Скопје, 25.12.2017. Возбудливата-во-секој-поглед 2017 година заминува оваа седмица ... а УЈП со новини во пријавувањето и плаќањето на персоналниот данок на физички лица веќе од 01.01.2018.

 

И во овој број пишуваме за сметководството: блог на Венко Глигоров за односот меѓу фирмите и сметководителите (и бироата). Плус пост на форумот за тоа што значи интегрирано сметководствено работење со ЕРП.

 

Отворени сме за соработка во делот на форумот на Логин Системи и како наши партнери во делот на сметководството. Погледнете ги линковите подолу. 

 

Среќни Божиќни и Новогодишни празници.

1 / 3

Please reload

Преземи мобилна апликација од Google.

Преземи мобилна апликација за Android
Преземи од Google Play
LSLogo_color_logo_transparent_2x.png

Founded in 1991, Login Systems is a ERP solutions and service provider based on Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central. 

From the very begining we strive to be a pioneer and leader in the market segments that we serve.

Share:

© Copyright 2016 - 2019 Логин Системи.

white_logo_transparent_2x.png